Настани
Предавање на Филолошки факултет на тема „Имиграцијата во Италија од правен и книжевен аспект“
Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип организира настан на тема „Имиграцијата во Италија од правен и книжевен аспект“ на којшто ќе настапат две професорки од истакнати образовни институции во САД и ќе одржат свои предавања. Предавањата се закажани за 8 мај 2023 г. со почеток во 12 часот во свечената сала на Факултетот за образовни науки во Штип. Претходно, во 11 часот, професорките ќе имаат средба со проректорот за настава на УГД, проф. д-р Мишко Џидров.
Предавачи и теми:
- Проф. Грациела Парати од Дартмут колеџ: Право, книжевност и имиграција
Professor Graziella Parati: Law, Literature and Immigration
- Проф. Лидија Ради од Универзитетот во Ричмонд: Живот во дијаспората: книжевната вредност на транснационалните нарации
Professor Lidia Radi: Diasporic Lives: the Value of Literature in Transnational Narratives.
Предавањата ќе се одржат на англиски јазик во присуство на преведувач.
УПИСИ 1 ЦИКЛУС 2023/24 г.
УПИСИ 2 и 3 циклус 2023/24 г.