Контакт  Соопштенија  Академски календар  Е-Пошта за студенти   E-индекс за студенти  Вработени  

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •    

Вебинар на тема: „DICOM стандард – што знаеме за неговата безбедност?“



Како дел од BForSec TAC комитетот, на 22 јуни 2023 г. со почеток од 11 часот, проф. д-р Александра Милева ќе одржи вебинар на тема: „DICOM стандард – што знаеме за неговата безбедност?".

Професорката Милева е професор на Факултетот за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

BForSec (Biometrics, Data Forensics and Security) TAC се фокусира на безбедност на мултимедија, дигитална форензика, скриена комуникација, водени жигови, применета криптографија, биометрика, видеонабљудување, мрежна безбедност, безбедност на физичко ниво, безбедност на хардвер, приватност на податоци и сл.

Организацијата European Association for Signal Processing (EURASIP) е основана во 1978 година со цел подобрување на комуникацијата помеѓу групи и индивидуи кои работат во мултидисциплинарното поле на процесирање на сигнали во Европа и светот, како и размена и дисеминација на информации за процесирањето на сигнали. ’Рбетна мрежа на EURASIP техничките активности се Комитетите за технички области (Technical Area Committees – TACs). За повеќе информации и линк до вебинарот, погледнете на https://eurasip.org/seminars/.