За центарот
Цетар за доживотно учење (ЦДУ)
Центарот за доживотно учење при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип организира тренинзи и обуки за професионален развој на компетенции, вештини и стручни квалификации на возрасни, согласно со концептот за доживотно учење (lifelong learning). Активностите на ЦДУ се фокусирани на неформалното образование на возрасните со мисија и цел да се зголемат квалификациите, вештините и професионалниот потенцијал на лицата кои учествуваат во процесот на доживотно учење.
ЦДУ секојдневно ги следи трендовите на пазарот на труд во Република Македонија и подготвува, координира, реализира и спроведува активности со учењето во текот на целиот живот на возрасните. Делокругот на активностите на ЦДУ се базира на потребите и интересите на заинтересираните учесници од приватната и јавната сфера, без оглед на степенот на образование.
Активностите на ЦДУ се насочени кон унапредување на знаењето, вештините и способностите на возрасните, како и усовршување на компетенциите, квалификациите и доквалификациите во насока на зголемување на професионален развој на возрасните и креирање перспектива за конкуретност на пазарот на труд.
ЦДУ има за цел преку обуки и тренинзи да придонесе кон намалување на невработеноста на возрасните, нивно оспособување и усовршување според модерните услови на пазарот на трудот во Република Македонија.
Следејќи ги европските и светските трендови, ЦДУ своите активности ги фоксуира на проекти кои ќе придонесат кон социјална инклузија во општеството, економски прогрес, раст и развој на квалитетот и стандардите на работна сила, пазарот на трудот. ЦДУ ги креира своите програми за потребите на пазарот на труд, независно од видот и степенот на образование, согласно со потребите за континуирана едукација во текот на целиот живот на луѓето.
УПИСИ 1 ЦИКЛУС 2023/24 г.
УПИСИ 2 и 3 циклус 2023/24 г.