Контакт  Соопштенија  Академски календар  Е-Пошта за студенти   E-индекс за студенти  Вработени  

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •    

Електронски индекс за 2 и 3 циклус на студии

Ве информираме дека е реализирана ретроактивна обработка на податоците на студентските досиеја на втор и трет циклус на студии во е-индекс, со што се обработени во електронска форма сите активности на студентите до овој момент (семестри, предмети, пријави/оценки, уплати и останати податоци).

Поради оваа причина Ве информираме дека можете да извршите проверка на Вашите податоци на е-индекс со најава на линкот https://students.ugd.edu.mk/ на следниот начин:

- Корисничко име: ime.BrojNaIndeks (пример: ivana.12345)

- Лозинка: Вашата тековна лозинка на УГД (за новите студенти, иницијалната лозинка е во формат: Ugd<Матичен број> (пример: Ugd0101991111111), каде што на местото на записот <Матичен број> се внесува матичниот број на студентот.

Доколку имате проблем со лозинката истата можете да ја промените на начинот објаснет на следниот линк: https://www.ugd.edu.mk/index.php/studenti/soopshtenija/261-promena-resetiranje-na-lozinka.

За сите недоследности во врска со вашите податоци во е-индекс можете да ги контактирате референтите:

  • Втор циклус на студии:
    • Катерина Хаџи-Василева, е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., тел: 032 550 076,
    • Марјан Марков, е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., тел: 032 550 061,
  • Трет циклус на студии:
    • Сашка Атанасова, е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., тел: 032 550 850.

Оваа фаза на проверка на податоците е претходник на наредната – целосно пуштање во функција на електронскиот индекс за 2 и 3 циклус на студии (електронски упис и заверка на семестар, електронско пријавување и оценување на испити, електронско поднесување на барања и процедура за магистрирање / докторирање).