Соопштенија
Заверка на парен семестар и пријавување на испити во Јунска (двојна) испитна сесија 2023 година за прв, втор и трет циклус на студии
Се информираат студентите од сите три циклуси на студии дека е потребно да реализираат навремена уплата на финансиски средства за заверка на парен семестар во учебна 2022/2023 година и пријавување на испити во Јунска (двојна) испитна сесија 2023 година.
Терминот за заверка на парен семестар во учебна 2022/2023 година е од 22.05.2023. до (заклучно со) 09.06.2023 (23:59 часот).
Пред заверка на семестар студентите е потребно да ги пријават проектните задачи за сите предмети и да ја имаат реализирано целата уплата за партиципација од тековниот семестар.
- за прв циклус на студии, финансиската уплата за пријавување на проектна задача изнесува 100,00 денари на приходна шифра 723013, а за заверка на семестар се врши уплата од 200,00 денари на приходна шифра 723019;
- за втор циклус на студии, финансиската уплата за пријава на проектна задача изнесува 1000,00 денари на приходна шифра 723013, а за заверка на семестар се врши уплата од 200,00 денари на приходна шифра 723019.
Терминот за реализација на испити во Јунска (двојна) испитна сесија 2023 година за сите три циклуси на студии е ист и ќе се реализира во следните термини:
Пријавување на испити во Јунска (двојна) сесија 2023: Од 22.05.2023 (00:00 часот), до (заклучно со) 09.06.2023 (23:59 часот).
Полагање на испити:
- Јунска Прва сесија 2023 година: Од 12.06.2023 до (заклучно со) 25.06.2023 и
- Јунска Втора сесија 2023 година: Од 26.06.2023 до (заклучно со) 09.07.2023
Потребни уплати за пријавување на испит за прв циклус на студии:
Потребни уплати за пријавување на испит за втор и трет циклус на студии:
520 = 500 денари за пријавување на испит + 20 денари за пријава
Наведените суми се однесуваат за пријавување на еден испит.
ЗАБЕЛЕШКА: Заверката на семестар и пријавувањето на испитите ќе се реализира исклучиво преку електронскиот индекс за студенти.
УПИСИ 1 ЦИКЛУС 2023/24 г.
УПИСИ 2 и 3 циклус 2023/24 г.