Соопштенија
Продолжен рок за заверка на парен семестар во учебна 2022/2023 година и пријавување на испити во Јунска втора сесија 2023
Се информираат студентите од сите три циклуси на студии дека рокот за заверка на парен семестар и пријавување на испити во Јунска втора сесија 2023 е продолжен заклучно со 22.06.2023 година, 13:00 часот.
Пред заверка на семестар студентите е потребно да ги пријават проектните задачи за сите предмети и да ја имаат реализирано целата уплата за партиципација од тековниот семестар.
- за прв циклус на студии, финансиската уплата за пријавување на проектна задача изнесува 100,00 денари на приходна шифра 723013, а за заверка на семестар се врши уплата од 200,00 денари на приходна шифра 723019;
- за втор циклус на студии, финансиската уплата за пријава на проектна задача изнесува 1000,00 денари на приходна шифра 723013, а за заверка на семестар се врши уплата од 200,00 денари на приходна шифра 723019.
Тарифникот за пријавување на испити по генерации е прикажан во продолжение:
Потребни уплати за пријавување на испит за втор и трет циклус на студии:
Приходна шифра |
Сума |
723013 |
520 |
Административна такса |
50 |
520 = 500 денари за пријавување на испит + 20 денари за пријава
Наведените суми се однесуваат за пријавување на еден испит.
ЗАБЕЛЕШКА: Заверката на семестар и пријавувањето на испитите ќе се реализира исклучиво преку електронскиот индекс за студенти
УПИСИ 1 ЦИКЛУС 2023/24 г.
УПИСИ 2 и 3 циклус 2023/24 г.