Соопштенија
Соопштение за упис на непарен семестар во учебна 2023/2024 година
Се информираат студентите од прв, втор и трет циклус на студии дека уписот на непарен семестар во учебна 2023/2024 година ќе се реализира електронски (преку е-индекс), во периодот од 9.8.2023 до 29.9.2023 година.
Напомена: Студентите кои веќе имаат услов за повисока студиска година, запишуваат апсолвентски семестар или запишуваат година по втор или повисок пат (и не планираат пријавување на испити од предмети кои ќе се презапишат во тековните сесии) може да го сторат тоа без влијание на тековната и претстојните сесии. Оние што очекуваат да исполнат услов, запишувањето на семестар е потребно да го реализираат по стекнувањето со оценки од Септемвриска (двојна) испитна сесија 2023 година. Во прилог е легенда на потребните уплати за:
- Прв циклус - сите можни случаи на упис на непарен семестар, во зависност од начинот на студирање и начинот на плаќање, кои е потребно да се реализираат при упис на непарен семестар (I, III, V, VII, IX и XI) по прв пат, втор пат, трет пат или повисок пат.
- Втор и трет циклус на студии – непарен семестар по прв пат.
Прв циклус на студии:
Потребни кредити за упис на повисок непарен семестар:
- За упис на III семестар се потребни минимум 36 кредити;
- За упис на V семестар се потребни минимум 90 кредити;
- За упис на VII семестар се потребни минимум 150 кредити;
- За упис на IX семестар се потребни минимум 210 кредити, и
- За упис на XI семестар се потребни 210 кредити.
Втор и трет циклус на студии:
УПИСИ 1 ЦИКЛУС 2023/24 г.
УПИСИ 2 и 3 циклус 2023/24 г.