За Македонија
Република Македонија се наоѓа во Југоисточна Европа, во центарот на Балканскиот Полуостров. Граничи со пет држави: Србија, Бугарија, Грција, Албанија и Косово.
Вкупната површина на Република Македонија изнесува 25.333 км2, со водна површина од 477 км2 и земјена површина од 24.856 км2, а вкупниот број на населението е 2.022.547 жители.
Главен град на Република Македонија е Скопје, со вкупен број на жители од 467.257. Национална валута е денар.
За Штип
Штип е град во источниот дел на Република Македонија, во долината на реката Брегалница. Градот брои 47.796 жители. Тој е еден од најстарите градови во Р. Македонија, лоциран на површина од 810 км2. Градот се наоѓа на надморска височина од 300 м.
Градот Штип, кој веќе гордо го носи епитетот „студентски град“, може да се пофали со богат и атрактивен студентски живот, приспособен на разни вкусови и културни потреби на младите луѓе кои станале дел од студентскиот свет на Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип.
Освен богатиот ноќен живот кој се одвива во широкиот избор на кафе барови, дискотеки, мали концертни настапи, прошетки во природа; не изостануваат и „задолжителните“ студентски забави кои се организираат еднаш до двапати неделно на разни локации.
Овде се и разните културни активности што ги организира Универзитетот во состав на Универзитетскиот културен центар, кои опфаќаат: филмски и театарски доживувања, концертни настапи на студенти и професори од Факултетот за музичка уметност, литературни и уметнички работилници и слични културни активности.
На годишно ниво, Штип може да се пофали и со веќе етаблирани фестивалски доживувања, веќе добро познати во Р. Македонија, но и во регионот. Во текот на октомври, Штип живее во духот на Фестивалот на забавна музика „Макфест“, кој постои веќе 26 години, потоа фестивалот посветен на џез музика, кој носи име „Астибо џез фестивал“ и се одржува во текот на пролетните месеци, како и DNB фестивалот „RUN” кој се одржува веќе во неколку изданија во текот на есента и претставува вистинско освежување, особено за студентите на Универзитет „Гоце Делчев“.
Покрај тоа, студентите и младите љубители на хип-хоп музиката во текот на летните месеци можат да уживаат во единствено хип-хоп доживување кое го носи името „Штип – хоп фестивал“. Сето ова, да сумираме, го прави Штип град во кој студентскиот живот пулсира и од година во година станува сè побогат.
Трошоци за живеење
Основни трошоци за живеење на студентите се сместувањето и исхраната, кои се движат од 3.000 до 4.000 денари месечно (ако се сместени во Студентски дом).
Во случај на исхрана во сопствена режија, студентите имаат богат избор на ресторани и други трговски капацитети кои нудат храна, а оброк може да се најде по цени од 60 до 300 денари.
Сместување
На студентите им се на располагање повеќе капацитети – три студентски дома, сместување во приватниот сектор, а кога станува збор за пократок временски престој, хотелската понуда е разновидна – како по ранг така и по цени. Во студентските домови цената (со вклучена исхрана) изнесува од 3.000 до 4.000 денари месечно. Во приватниот сектор цените на легло се движат од 1.500 до 3.000 денари месечно. Цените за ноќевање во хотелите се од 1.500 до 6.000 денари.
Здравство и осигурување
Студентите имаат обезбедена квалитетна здравствена заштита. За таа намена, на располагање им се капацитетите на Универзитетската клиника во состав на Факултетот за медицински науки, потоа јавните установи Здравствен дом и Градска болница, како и приватните здравствени ординации. За студентите секоја година се организираат систематски здравствени прегледи. Сите студенти се осигурени од последица на несреќен случај преку колективно осигурување, за кое издвојуваат по 150 денари при запишувањето на студиската година.
Студенти со посебни потреби
Универзитетот „Гоце Делчев“ се труди на сите свои студенти, вклучувајќи ги и студентите со посебни потреби, да им ги обезбеди сите погодности пропишани со Статутот на Универзитетот. Во грижата за еднаков третман на сите студенти, Универзитетот „Гоце Делчев“ постави рампи во повеќе универзитетски кампуси, со што им овозможи на студентите со телесна попреченост лесен и едноставен пристап до факултетите.
- Show all
- Skopje
- Ohrid
- Stip
Skopje, the capital of Macedonia
Skopje, the capital of Macedonia
Matka, national park near Skopje
Matka, national park near Skopje
Skpsko Kale, fortress in Skopje
Skpsko Kale, fortress in Skopje
CHURCH OF ST. CLEMENT OF OHRID
CHURCH OF ST. CLEMENT OF OHRID
Ohrid
Ohrid
Ohrid
Ohrid
Ohrid
Ohrid
Ohrid
Ohrid
Stip, the Rector's Office
Stip, the Rector's Office
Stip, Kampus 4
Stip, Kampus 4
Stip, Faculty of Law
Stip, Faculty of Law
Stip, Faculty of Educational Sciences
Stip, Faculty of Educational Sciences
Stip, Faculty of Economics
Stip, Faculty of Economics
Stip, Town Museum
Stip, Town Museum
Stip, Ruins from old town "Bargala"
Stip, Ruins from old town "Bargala"
Stip, Center of the town
Stip, Center of the town
УПИСИ 1 ЦИКЛУС 2023/24 г.
УПИСИ 2 и 3 циклус 2023/24 г.